Попладнево генерацијата “2008” одигра нови два натпревари во Детската фудбалска лига. Нашите млади момчиња ова коло забележаа една победа и еден пораз.
Најпрвин на теренот истрча Вардар (1) кој одигра натпревар против Куманово. Ова беше еден многу цврст и интересен натпревар за следење. И двете екипи во првиот дел имаа свој шанси но не ги искористија. Во вториот дел Куманово подобро се снајде и го отвори резултатот на 1:0. Потоа следуваше уште еден погодок за веќе 2:0. До крајот на мечот нашиот тим притискаше, успеа да постигне и погодок преку Илија Митаноски, но тоа не беше доволно за позитивен резултат. Овој натпревар заврши со победа на Куманово 2:1.
Вардар (2) пак, немаше посериозни проблеми против Шкендија Арачиново. Овој натпревар нашите момчиња го одиграа на еден убедлив начин, иако постигнаа шест погодоци, сепак, можеа да постигнат уште три најмалку. За “чиста мрежа” на овој дуел се погрижи голманот Лука Грчевски, кој одбрани пенал на противникот. Стрелци на денешниот натпревар беа: Арти Азизи и Бојан Пешов (2), Филип Сребров и Коста Бошковски (1).