Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат составот на ЖРК Вардар за мечот со Турнигер
Познат составот на ЖРК Вардар за мечот со Турнигер

Познат составот на ЖРК Вардар за мечот со Турнигер

Денес екипата на ЖРК Вардар го игра последниот натпревар во главната групна фаза од лигата на шампионите. Со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Турингер. На првиот натпреавр во Германија, Вардарки славеа минимална победа. Ова ќе биде и деби на клупата за новиот тренер, Ирина Дибирова која веќе го објави составот за денешниот натпревар.

ЖРК Вардар: Алтхаус, Дамњановиќ, Херем, Илина, Хмирова, Лакрабер, Лазовиќ, Лекиќ, Лејно, Мавсар, Пенезиќ, Песоа, Радичевиќ, Ристовска, Суслина и Кликовац.