Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.Пионери на Вардар триумфираа над А.Пандев во првото пролетно коло
Пом.Пионери на Вардар триумфираа  над А.Пандев во првото пролетно коло

Пом.Пионери на Вардар триумфираа над А.Пандев во првото пролетно коло

Денес на теренот во “Јане Сандански“ се одигра првото пролетно коло во лигата за помлади пионери. Вардар беше домаќин на екипата на Академија Пандев од Струмица. Нашиот млад колектив предводен од Саше Јанев дојде до победа со 1-0. Фотогалерија може да погледнете- овде!
За Вардар на овој меч стартуваа: Рамадани, Ѓурковски, Мирчевски, Ристовски, Манасиевски, Бојковски, Хасановиќ, Илиевски, Спировски, Астарџиев и Николов.

pp2

Мечот почна со целосна доминација на вардарци кои од првата минута атакуваа на голот на Пенов. Прва прилика имавме по една корна одлична топка стигна до 5 метри каде со волеј шутна Бојкоски сепак голманот на Академија Панедев беше поуспешен. Во продолжение постојано напаѓаме и трагаме по водство. Прилика имаме преку Хасановиќ Малик кој неуспева да погоди. Напаѓаме постојано топката е во наш посед, имаше две ситуации во кои бевме фатени во офсајт кој беа доста дискутабилни. Илиевски се обидува со глава во продолжение сепак одбраната расчистува во последен момент во 30 минута влеговме со 0-0, но со целосна доминација на црвено-црните. Ристовски прекрасно го проигра Спировски кој излезе сам на сам со Пенов, топката која одлично ја упати заврши во надворешниот дел од мрежата. На три минути до крајот Давид Ристовски шутна од 25 метра, топката заврши крај десниот директ за наша предност од 1-0. До крајот се обидовме да нападнеме и постигнеме втор гол, но немаше многу време. На одмор заминавме со минимална предност од еден гол 1-0.

pp3

Вториот дел почна со офанзива на црвено-црните, прва прилика по 2 минути игра имаше Матеј Николов кој шутна над пречка. Гостите од Струмица се обидоа во продолжение сепак на голот одлично одбрани нашот голман Рамадани. Гостите од А.Пандев се обидуваат да да направат тежа во играта и се почесто се префрлаат на нашата половина без поголема опасност за нашиот гол. Голема прилика пропуштаме откако Спировски Мартин искочи сам на сам со голманот и успеа да го погоди во телото од една изгледна шанса не зголемивме на 2-0. Тренерот Јанев освежува на место на Ристовски во игра го уфрли Асенов.

По ова прилика гостите имаа повеќе од играта во наредните пет минути, тие напаѓаа али нашата одбрана беше одлично поставена и лесно се снајде со овој предизвик. Голем проблем за нас беше ветерот кој дуваша кон нашата половина во текот на вториот дел и ги отежнуваше нашите напади. Малик му остапи место на Хасиќ во продолжение, измена направена со цел да ја вратиме нашата теренска надмоќност.  Можност имавме во продолжение Асенов се обиде од 20 метра, топката заврши крај левиот дирек на Пенов. Нашиот  голман Рамадани денес беше одличен даваше сигурност на одбраната при нафрлените топки до кои секогаш доаѓаше токму тој. Голем пех за нашиот тим  беше доделениот црвен картон на нашиот играч, Спировски Мартин на 10 минути пред крајот. Последните минути изобилуваа со мирна игра на двата тима.  За забележување е една прилика во која Хасиќ нафрли од десно убаво до  Игнатов кој со глава шутна, сепак голманот на сино-белите лесно одбрани. На крајот конечениот резултат е 1:0 за Вардар.

Ова е важна победа и важен исчекор за нашите помлади пионери во горниот дел од табелата.