Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Новата натпреварувачка сезона во супер лигата на младинските категории ќе стартува на 12.септември
Новата натпреварувачка сезона во супер лигата на младинските категории ќе стартува на 12.септември

Новата натпреварувачка сезона во супер лигата на младинските категории ќе стартува на 12.септември

Новата натпреварувачка сезона во супер лигата на младинските категории треба да стартува на 12.септември.

Познато е дека минатата сезона не го дочека својот крај, односно беше прекината само после две пролетни кола, поради пандемијата со корона вирусот.

Генерацијата 2005 на ФК Вардар ќе дебитира во рамките на помладата пионерска супер лига, додека генерацијата 2004 ќе игра во пионерската лига.

Генерацијата 2003 ќе биде дел од кадетската лига, додека 2002 ќе бидат младинците.

Од ФФМ се уште не се изјасниле дали ќе стартува регионалната-скопска, како и детската лига, секако во зависност од тоа како ќе се одвива пандемијата во наредниот период.