Конечно по пауза од речиси половина година, поради светската пандемија со Ковид-19, ЖРК Вардар ќе одигра натпревар. Утре, среда, избраничките на Драгана Ристова и Александар Царчев ќе настапат на тест-натпревар, прв за време на овие летни подготовки за сезоната 2020/21.
Ќе гостуваме кај тимот на РК Спартак Кисела Вода, дуелот е закажан со почеток во 21-00 часот во салата „Круме Кепевски“ во скопската населба Кисела Вода. За Вардар ќе има прилика да дебитираат четирите нови. летни засилувања: Цветковска, Стојановска, Попова и Лазаровска која дојде во нашите редови од утрешниот ривал.
Овој летен трансфер период од вардаровата екипа во Спартак минаа две девојки, Ана Марија Коларовска и Гроздановска Ангела.