Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Џигаури повикан за Грузија, а Којашевиќ дел од списокот на Црна Гора, вкупно 10 вардарци со повици за селекциите
Џигаури  повикан за Грузија, а Којашевиќ дел од списокот на Црна Гора, вкупно 10 вардарци со повици за селекциите

Џигаури повикан за Грузија, а Којашевиќ дел од списокот на Црна Гора, вкупно 10 вардарци со повици за селекциите

Нови  двајца црвено-црни фудбалери на  добија повици од своите репрезентативни  селекции. Покани стигнаа денес  за Којашевиќ и  Џигаури од нивните национални А-репрезенации.

Црногорскиот офанзивен играч Дамир Којашевиќ повикан е да настапи за својата земја за натпреварот против Полска. Мечот во кој Црна Гора ќе е домаќин ќе  се игра на 26 март во Подгорица.

fkvardar-vardarfans-kojasevic

Новото засилување на Вардар  Џамбул Џигаури  исто така доби покана, тој   ќе биде дел од селекцијата на Грузија за два натпревари. Тие ќе одиграат квалификацискиот натпревар против Србија кој што на 24 март се игра во Тбилиси, а потоа во “тест“ дуел ќе ја пречекаат  Летонија четири дена подоцна.  Вкупниот број на репрезентативци од Вардар се зголеми на вкупно 10 играчи. Во селекцијата на Ерменија ќе настапат Тигран Барсегјан и Хофханес Хамбарџумјан, а шестимина вардарци добија покана за Македонската сениорска и младинска конкуренција .