Академијата на најголемиот фудбалски бренд Вардар се проширува со нови црвено-црни “регрути“. Истата врши уписи на нови дечиња од генерацијата 2005 до генерацијата 2010 година кои ќе тренираат во населбата Аеродром. Во информацијата за оваа нова акција се вели следното:
Фудбалската Академија на Вардар со нова локација во населбата Аеродром, на теренот на АМС покрај СЦ Јане Сандански.
Дојдете и запишете го вашето дете во Фудбалската Академија која што ги нуди сите потребни услови за да ги научи фудбалските вештини и еден ден да го оствари својот сон да биде врвен фудбалер.
Уписите се однесуваат за генерации на деца родени од 2005 до 2010 година. Уписите се секој понеделник, среда и петок од 17 до 18 часот на фудбалскиот терен покрај СЦ Јане Сандански во скопската населба Аеродром.
Повелете и препуштете го вашето дете во рацете на стручни лица и проверени тренери од фудбалската Академија.