Претстојниов викенд не очекуваат пријателски натпревари со младинските екипи на ФК Вардар.
Утре на теренот на Академијата, пионерите на Вардар предводени од Сашо Тодоровски ќе ја угостат екипата на Осогово од Кочани. Овој пријателски дуел ќе стартува во терминот од 10:30 часот.
Во недела на теренот во населбата Хиподром активни ќе бидат кадетите и младинците. Избраниците на Филип Ивановски за противник ја имаат екипата на Ренова, натпревари кои се закажани да започнат од 09:00 и 11:00 часот.