ЖРК Вардар дојде до 3/3 во лигата, вардарки попладнево победија кај „жилавиот“ Спартак со 33-27. Одигавме солиден меч, во истиот имавме неколку лоши периода, но сепак „заработивме“ победа.
Спартак беше мотивиран и поведе со 2-0, Стојановска го постигна првиот гол за нас во 4.минута кога намали на 2-1, таа на сите три меча досега прва погодува во црвено-црниот тим. Домаќинот поведе со 5-2 во 8.минута, ние моравме да менуваме во играта бидејќи касневме резултатски зад девојките од К.Вода. Преку Бојана Диневска изедначивме на 5-5 во 11.минута. Вардар беше во налет, па со серија 1-6 од 5-2 успеа да направи пресврт и да поведе со 6-8 преку „брзоногата“ Трпевска во 15.минута, по што следеше тајм-аут на домаќинот. Спартак парираше до 7-8, потоа следеа наши минути. Одбраната беше на ниво, Илиќ имаше две убави одбрани, во напад казнувавме. Тоа донесе високи осум гола предност (10-18) на две минути до крајот, преку Диневска. Домаќинот успеа со два гола да намали на 12-18 пред одморот.
Вардар го контролираше вториот дел, бевме подобри од противникот, во 37.минута по една одбрана на Грујовска во брза контра атрактивно погоди Сара Миновска за седум позитива, прв пат на овој меч (14-21). По овој момент следеше неверојатен пад на концетрацијата на црвено-црните девојки, Спартак беше мотивиран. Тие со серија 6-1 намалија на само 22-20 во 44.минута.Ние повторно „висевме“, па Ристова веднаш реагираше од клупата. Ние се „разбудивме“ и тргнавме во офанзива, на 2.минути до крајот поведовме со осум гола (25-33). Дуелот заврши со победа 27-33 за нас.
Диневска Бојана одигра капитенски, таа погоди 9.пати од 10 удара, одлична беше и Трпевска Ивона со 7 гола, Галевска погоди во 5.наврата, а полека свое место во тимот обезбедува Стојановска Михаела која погоди 3.пати. Илиќ сопра 7.удара, Грујовска одбрани 3.топки.