Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пик Сегед ќе го пречека Вардар пред 1.000 навивачи
Пик Сегед ќе го пречека Вардар пред 1.000 навивачи

Пик Сегед ќе го пречека Вардар пред 1.000 навивачи

На 1.октомври, екипата на Вардар ќе гостува во Унгарија, кај Пик Сегед, во рамките на 3.коло од Лигата на Шампионите.

За овој натпревар, тимот на Пик Сегед се реши да дозволи гледачи, но во ограничен број, па во продажба ќе бидат пуштени околу 1.000 билети, а предност при купувањето ќе имаат оние кои минатата сезона ги гледале натпреварите со сезонски билети.

И двете екипи се во потрага по првата победа во ЛШ, откако во првото коло загубија од екипите на Брест Мешков и Киелце. Натпреварот на Вардар против екипата на Елверум беше одложен, откако ЕХФ го одобри барањето на норвежаните за да не патуваат во Скопје.