Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Нови репрезентативни покани за младите играчи од ФК Вардар
Нови репрезентативни покани за младите играчи од ФК Вардар

Нови репрезентативни покани за младите играчи од ФК Вардар

Нови репрезентативни покани за играчи од младинската школа на ФК Вардар.

Младата репрезентација на Македонија до 16 години се наоѓа на тренинг камп во Кичево, каде ќе се задржи до 21.август. За овој камп, селекторот на оваа млада репрезентација, Дашмир Беари, повика тројца играчи од Вардар. Се работи за Лука Атанасовски, Златко Радески и Милош Спасовски.

Тренинг камп во Кичево, во периодот од 21-27.август ќе одржи и репрезентацијата на Македонија до 17 години. И тука се повикани тројца вардарови играчи од страна на селекторот Вујадин Станојковиќ. Тоа се Алтин Алији, Дарко Сековски, Андреј Величковски и Нуман Ајетовиќ.

Утре пријателски натпревар во Хрватска против репрезентацијата на Кина, ќе одигра Македонија У19, за која ќе настапи вардаровиот стопер, Марко Стојилевски.