Младиот голман на ФК Вардар роден 2003 година, Лука Стојковски својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во екипата на ФК Локомотива од Скопје.
Стојковски е уште еден во низата играчи што заминува од Вардар во овој скопски тим и тоа на позајмица, каде оваа сезона треба да биде прв голман и фудбалски речено да се кали кај тимот кој исто така ќе се натпреварува во Втората лига.
Да додадеме дека местото на Стојковски како втор голман во тимот во новата сезона ќе му припадне на Боби Целески, кој неодамна беше промовиран во Вардар.