Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Со Вардар тренира и Тони Стојковски
Со Вардар тренира и Тони Стојковски

Со Вардар тренира и Тони Стојковски

Откако објавивме дека најтрофејниот потпиша договор и со младиот играч Лука Војнески, со тимот тренира уште едно ново име.

Се работи за Тони Стојковски кој доаѓа од Австралија, а е со македонско потекло. Стојковски има 28 години и игра на позицијата десен бек, а може да одговори и по крилните позиции на теренот. Овој играч во досегашната кариера има настапувано за екипата на Пелистер како и за екипи од Црна Гора и Австралија.

Според последните информации,  Стојковски треба да биде последното летно засилување на ФК Вардар, кој во недела се враќа на зелените терени и тоа со дуел во Кавадарци.