Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пуштени во продажба билетите за дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер
Пуштени во продажба билетите за дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер

Пуштени во продажба билетите за дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер

За првиот домашен натпревар од ракометно првенство на Македонија каде Вардар треба да го пречека Еурофарм Пелистер, од денеска во продажба се пуштени билетите за истиот натпревар.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажан за 17 септември 2023 со почеток во 19, 45 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/vardar_pelister и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа.

Влез ќе биде дозволен само со ПЕЧАТЕН БИЛЕТ, а сите ваучери при онлајн продажбата треба да се заменат на продажните места или на билетара пред сала.

Цени на билети по блокови:

БЛОКОВИ – 1, 2, 3, 16, 8, 11
Цена – -150 ден

БЛОКОВИ – 4, 5, 6, 7, 12, 13, 14, 15, А1, А4,
Цена – -200 ден

БЛОКОВИ – А2, А3, А5, А6
Цена – -250 ден

Со секој купен билет се учествува во наградните игри што нашите спонзори ќе ги организраат на полувреме од натпреварот. Награди ќе доделат „Универзитет Скопје“ и „Пекабеско“

Продажба на билети за натпреварот ќе има и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандаски“. Работното време на билетарницата ќе биде:
* Сабота – 16 до 19 часот
* Недела – од 12 часот па се до почеток на натпреварот

Поради безбедноси причини и воведно шоу, вратите ќе се затворат во 19:30ч

Продажна мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ – https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations