Saturday ,07 December 2019
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Утре на теренот на Академијата, генер. 2005 и 2006 ќе одиграат дуели со Драчево Јуниор
Утре на теренот на Академијата, генер. 2005 и 2006 ќе одиграат дуели со Драчево Јуниор

Утре на теренот на Академијата, генер. 2005 и 2006 ќе одиграат дуели со Драчево Јуниор

Во текот на утрешниот ден, своето 12.коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени 2005 и 2006 година. Противник ќе ни биде тимот на Драчево Јуниор. Двете вардарови екипи се фаворити за освојување на бодовите.

Генерацијата 2006 на Вардар се наоѓа на првото место со 30 освоени бодови, додека Драчево Јуниор е на средината на табелата со вкупно 15 освоени бодови.

Генерацијата 2005 на Вардар е на втората позиција на табелата со 24 освоени бодови, додека Драчево е на 11.позиција со 10 освоени бодови.

Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот. До крајот на есенскиот дел остануваат за одигрување натпреварите со Грозданоски, Фортуна и Скопје.