Вчера тимот на Вардар Јуниор дојде до „есенска титула“ во кадетската лига. Нашиот тим ја пречека екипата на Металург-2, на дуелот во Јане Сандански избраниците на Будимир и Станковски лесно се справија со ривалот. Вардаровите момци победија со резултат 43-17.