Сегашниот член на Веспрем, а поранешен на Вардар, Рожерио Мораес Фереира за прв пат гостуваше во Скопје. Веспрем го победи во дербито тимот на Вардар, а од клубот му се заблагодарија на Фереира за придонесот во црвено-црниот дрес. Покрај тоа при неговото претставување беше дочекан со аплаузи од присутните навивачи во С.Ц. Јане Сандански. Бразилецот помина три сезони во Вардар и успеа да освои две Европски титули. Воодушевен од пречекот, на својот инстаграм профил го напиша следново:
„Ви благодарам за одличниот пречек Македонци, пријатели, фанови…Засекогаш ќе останете во моето срце“