Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ќе игра пред полн стадион, управата е на потег
Вардар ќе игра пред полн стадион, управата е на потег

Вардар ќе игра пред полн стадион, управата е на потег

Одлична вест денеска ни пристигна од УЕФА. Вардар во вторник ќе го пречека тимот на Копенхаген на Арената Филип II Македонски во Скопје.

Ова значи дека Вардар ќе може да одигра конечно дома, пред огромен број на гледачи. Сега управата на Вардар е на потег, доколку се извадат пристојни цени на билети, со сигурност овој натпревар ќе биде многу баран, односно навивачите ќе го исполнат стадионот и ќе бидат 12 играч на тимот.

Очекуваме соопштение  од ФК Вардар околу оваа тема.