Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Од денес со тренинзи стартуваат „петлињата“ на ФК Вардар, познати тренерите на сите генерации
Од денес со тренинзи стартуваат „петлињата“ на ФК Вардар, познати тренерите на сите генерации

Од денес со тренинзи стартуваат „петлињата“ на ФК Вардар, познати тренерите на сите генерации

Од денес старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона ќе означат и петлињата во Академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Познати се и тренерите кои ќе ги предводат генерациите во детската лига.

Горан Петрески повторно ја доби можноста да биде предводник на генерацијата родени 2007 година. И на стартот на минатата сезона, „Чунга Лунга“ започна како тренер на оваа генерација, за во пролетниот дел од сезоната да ги превземе кадетите на Вардар. Сега повторно ќе има можност да работи со шампионите од генерацијата 2007.

Промена на тренерското место има и во генерацијата 2008, која претходните три сезони успеваше да стане Шампион на Македонија. Нов тренер на оваа генерација е Петар Ѓорѓиески, кој минатата сезона беше тренер на генерацијата 2004.

Генерацијата 2009 после Златко Таневски, Зоран Петковски и Илија Колевски, ќе има можност да работи со нов тренер, а тоа е Игор Кралевски, кој изминатата сезона ја помина како тренер на пионерите.

Влатко Колев ќе ја води генерацијата 2010, откако успеа минатата сезона да стане шампион со генерацијата 2008, додека најмладите дебитанти во детската лига во новата сезона ќе бидат генерацијата родени 2011 година, а нивен предводник ќе биде Боби Андоновски.