Европскиот шампион Вардар го победи АЕК во пријателскиот меч кој беше од затворен карактер одигран во „Јане Сандански” со резултат 31-24 (14-11).
Вардарци натпреварот го започнаа не убедливо, но работите си дојдоа на свое место некаде кон средината на првиот дел. Оттогаш, па се до крајот, шампионот на Македонија не му дозволи никако изненадување и резултатски приклучок на противникот. Во вториот дел Вардарци само додадоа во нова брзина, за да му биде јасно на соседот со кој противник си има работа и зошто РК Вардар е шампион не само на нашата земја туку и на Европа.