Веќе две недели женскиот ракометен клуб „Вардар“ ги одработува летните подготовки. Тимот се собра на 7-ми, а на 17-ти август се комплетираше со девојките кои доцнеаа поради настапот на ЕХФ Шампионатот во Италија. Екипата се подготвуваа за сезоната која следи и која ја отвараме против Спартак на 14/15.септември во гости.
Доаѓа време за првиот тест дуел, истиот е закажан против тимот кој ќе ни биде ривал во првото коло од сезоната 2019/2020 во Супер лигата. Во сабота на 24.август со почеток во 14-00 часот во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе тестираме со ЖРК Спартак.
Вардар оваа сезона ќе го предводи Ристова, ќе и асистира Црвенковска, Царчев е задолжен за голманското трио. Тимот остана исти како и изминатата сезона со една измена, од Вардар во Металург замина десното крило, Мими Петковска. Во спротивен правец дојде пикерот, Јана Паковска.