Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе и кажа да на Шкендија
Фелипе и кажа да на Шкендија

Фелипе и кажа да на Шкендија

Хуан Фелипе кариерата ќе ја продолжи во редовите на лутиот ривал на Вардар, во тетовска Шкендија.

Вчера околу 14-15 часот, Фелипе и кажал да на Шкендија, со што и официјално ги затвори сите дилеми каде ќе настапува бразилецот следната сезона и дали ќе ја прифати понудата од Тетово.

Секако дека оваа информација нема да им се допадне на навивачите на Вардар. Фелипе од миленик на Комитите и верните Вардарци, сега станува играч кој сигурно ќе добие голем број на свирежи против некогашниот тим во Скопје.