Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Новото засилување на Вардар,Толедо, заврши како трет најдобар стрелец на Висла Плок
Новото засилување на Вардар,Толедо, заврши како трет најдобар стрелец на Висла Плок

Новото засилување на Вардар,Толедо, заврши како трет најдобар стрелец на Висла Плок

Играчот кој е роден во Сао Пауло и бразилски репрезентативец, Хозе Гиљермо Де Толедо е новото звучно име за Европскиот ракометен шампион. Тој доаѓа на местото на Кисељев кој по една сезона го напушти клубот и заедно со Кристопанс ќе ја сочинуваат десната бековска позиција.

Што се однесува до изминатава сезона, Толедо ја заврши со 41 постигнат гол во редовите на Висла Плок. Со оваа бројка на погодоци, тој заврши како трет најдобар стрелец на полскиот тим. Пред него беа само Михал Дашек и Жига Млакар. Инаку ист број на голови, Толедо, постигна и во сезоната 2017/18. Оваа сезона неговата екипа беше елиминирана во осминафиналето од екипата на Пик Сегед. Толедо се запишуваше во листата на стрелци на вкупно 11 натпревари во Лигата на Шампионите. Најдобриот меч го одигра против Кокс, кога неговиот тим славеше на домашен терен, а Толедо постигна вкупно 8 голови.

Несомнено дека се работи за големо засилување, кое се очекува да му се приклучи на Вардар на половина од подготовките во Требиње, со оглед дека Толедо со селекцијата на Бразил ќе настапи на  Пан Американски игри.