Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите на ФК Вардар и со „преполовен“ состав го победија Шкупи, прв нерешен резултат за пом.пионери
Пионерите на ФК Вардар и со „преполовен“ состав го победија Шкупи, прв нерешен резултат за пом.пионери

Пионерите на ФК Вардар и со „преполовен“ состав го победија Шкупи, прв нерешен резултат за пом.пионери

Пионерските екипи на ФК Вардар со победа и нерешен резултат го стартуваа пролетниот дел од сезоната во младинските лиги. Денес нашите млади надежи во рамките на 8.коло гостуваа кај екипата на Шкупи.

Помладите пионери ги загубија првите два бода сезонава, откако одиграа со нерешен резултат (2:2) против тимот од Чаир. Иако имавме негатива, сепак напраивме резултатски пресврт, но на крајот освоивме само еден бод од овој меч. Во 54 минута, екипата на Шкупи го отвори резултатот на 1:0, за само две минути подоцна, црвено-црните да се вратат во игра и со голот на Никола Величковски да израмнат на 1:1. Момците на Стефановски-Гаге во 65.минута стигнаа до пресврт со голот на Арбин Курти за 1:2, но во 76 минута домаќинот израмни на 2:2, резултат кој беше и конечен на овој дуел од помладата пионерска супер лига. Ова беше прв нерешен резултат после седум последователни победи за овој тим на Вардар.

ФК Вардар: Илиевски, Фидановски, Серафимов, Стојилевски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Дошев, Величковски (К), Цветков и Курти. 

Пионерите со измешан и ослабен состав сепак издвојуваа минимална победа на гостувањето кај Шкупи. Играч на одлука беше Михаил Кузмановски кој погоди во 75 минута од натреварот за голема победа на вардаровите пионери, кои денес речиси настапија со втор состав.

Ова беше шестти триумф за Вардар кој денес ќе биде лидер на табелата во пионерската супер лига.

 ФК Вардар: Апостоловски, Петровски, Каровски (К), Таневски, Кузмановски, Анчевски, Попов, Јакимовски, Веселинов, Ристовски и Цикарски.

Во игра влезе само Филип Радевски.