Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 ја започна одбраната на титулата
Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 ја започна одбраната на титулата

Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 ја започна одбраната на титулата

Вардар со триуф ја стартуваше одбраната на домашната круна, откако денес во С.Ц. Јане Сандански го победи младиот тим на Еурофарм Пелистер 2, со конечни 34:30.

Младиот тим на битолчани даде отпор, но сепак победата им припадна на вардарци. Во најголем дел од натпреварот имавме предност, иако на моменти во првото полувреме избраниците на Јовиќ се закануваа на резултатот, неколку пати и израмнуваа, но на полувреме Вардар имаше предност од 17:14.

158137655_10160340241215348_713962020606829903_o

Вардар со серија од неколку погодоци во вториот дел успеа да се одлепи на седум голови предност (25:18), период во кој беше решен победникот на овој прв натпревар од плеј-офот на Супер лигата. Иако гостинскиот тим се обидуваше да се врати во игра, сепак немаше резултатска неизвесност, момците на Алушовски ја оправдаа улогата на фаворит и не дозволија никакво изненадување.

Крилните играчи на Вардар беа најефикасни на натпреварот. Најдобар стрелец беше Гоце Георгиевски со 11 голови, додека Димитар Димитриоски постигна 8 гола, додека по 3 беа дело на Васко Шеваљевиќ и Филип Талески.