Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите освоија бод, младинците беа минимално поразени во дуелите со Шкупи
Кадетите освоија бод, младинците беа минимално поразени во дуелите со Шкупи

Кадетите освоија бод, младинците беа минимално поразени во дуелите со Шкупи

Кадетите на ФК Вардар со видно изменет состав денес го отвори пролетниот дел од сезоната. После заминувањето на неколку играчи од клубот, како и прекомандувањето во првиот тим на дел од вардаровите кадети и младинците во пролетниот дел од сезоната на младинските лиги јасно е дека ќе играме со „крпени“ состави.

Така беше и на денешниот дуел на вардаровите кадети, кои можат да жалат што не ги освоија сите бодови на стартот од пролетниот дел. Натпреварот на кадетите на Вардар и Шкупи заврши со нерешен резултат 2:2. Сите четири голови паднаа во вториот дел од натпреварот. Гостинската екипа со погодок во 50.минута го отвори резултатот за 0:1, но Вардар и покрај негативата не се откажа. На „сцена“ стапи Георг Стојановски кој за само две минути, односно во 80 и 82 минута му донесе пресврт и водство на Вардар од 1:2. Сепак не издржавме до крајот, со гол во 87 минута, Шкупи израмни на 2:2.

Вардар: Ангелов, Јовановски, Ричков, Трпезановски, Ивановски, С.Стојановски Живков, Г. Стојановски, Перковски, Ибраим, Давидовски (К).

Младинците беа поразени минимално со резултат 0:1 Во последните три минути од натпреварот, екипата на Шкупи постигна гол и ги постави конечните 0:1 на натпреварот од 8.коло во младинската супер лига.

Вардар: Стојковски, Трајковски, Илиев, Симев, Сељанац, Саит, Марковски, Исени, Тасевски, Салиу (К). 

Кадетите и младинците денес настапија со една и единствена измена на натпреварите со чаирскиот тим. Може само да им се честита на нашите храбри момци, кои и покрај големите проблеми со составување на екипите ниту во еден момент не „потклекнаа“ пред противникот.