Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите 2006 и 2007 на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари
Генерациите 2006 и 2007 на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари

Генерациите 2006 и 2007 на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари

Генерациите 2006 и 2007 на ФК Вардар под водство на Милан Коцески денес беа активни со одигрување на пријателски натпревари.

Генерацијата 2006 успеа да слави на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 1:3 во корист на црвено-црните. По првото полувреме резултатот беше 1:1, а Вардар прв успеа да го отвори резултатот со голот на Алтин Алији.

Предноста, овој пат за 2:1 ја врати Марко Николовски, додека конечните 3:1 со својот втор гол ги постави Алтин Алији.

ФК Вардар: Данстак, Ајетовиќ, Јанкоски, Спасовски, Порчу, Миовски, Величковски, Нуредини, Николовски, Танчев, Алији.

Утрово на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, генерацијата 2007 одигра дуел со екипата на Кул, кој го загуби со резултат 0:3.

157687607_10219155059089525_483242786590617458_o 158156053_10219155048849269_1399695072519220647_o

ФК Вардар: Исајловски, Смиљков, Шерифи, Ивановски, Крстевски, Котевски, Рајчин, Блажевски, Ќерими, Хоти, Нухиу.