Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ќе игра на добар терен, тренинг центарот „Петар Милошевски“ во одлична состојба!
Вардар ќе игра на добар терен, тренинг центарот „Петар Милошевски“ во одлична состојба!

Вардар ќе игра на добар терен, тренинг центарот „Петар Милошевски“ во одлична состојба!

Овој викенд започнува новиот шампионат на Македонија во фудбал. Нашиот Вардар во првото коло е домаќин на скопскиот ривал Македонија ЃП. Овој дуел поради зафатеност на Градскиот стадион ќе биде одигран на главниот терен на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 17 и 30 часот.

Теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ е во одлична состојба, а тоа сигурно му недостасуваше на Вардар минатата сезона, кога во Маџари ги играше домашните натпревари.

Само да потсетиме дека Вардар играше одлично минатата сезона на Градски, на супер терен за игра, па се надеваме дека добрата игра ќе ја продолжат и понатаму, овој пат на фудбалски терен во населбата Аеродром.

Инаку, билетите за овој дуел ќе чинат 100 денари. Најавен е и ТВ пренос на МТВ и Арена Спорт