Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Slider > Македонија стигна до првата победа на СП, Кизиќ повторно имаше двоцифрен број на одбрани, Карапалевски постигна два гола
Македонија стигна до првата победа на СП, Кизиќ повторно имаше двоцифрен број на одбрани, Карапалевски постигна два гола

Македонија стигна до првата победа на СП, Кизиќ повторно имаше двоцифрен број на одбрани, Карапалевски постигна два гола

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија стигна до првата победа, на светското првенство кое се одржува во Скопје. Во еден до крај неизвесен натпревар, нашата селекција издвојуваше триумф со резултат 37:34.

Повторно избраниците на Данило Брестовац не беа на своето ниво, па мораа да се намачат во текот на сите 60 минути за освојување на првите бодови. Најголемата позитива која ја имавме беше четири голови разлика, додека на полувреме имавме минимално водство од 18:16. Повторно одличен на голот беше Марко Кизиќ, кој го заврши и овој натпревар со двоцифрен број на одбранети удари, некои од нив во моменти кога се „кршеше“ резултатот на овој натпревар. Не бевме сигурни и при предност од 25:22, нешто слично како и на мечот против Аргентина, кога имавме и повисока предност, па дозволивме на крајот да го загубиме натпреварот. Нигерија се врати во игра, го израмни резултатот, па дури имаше можност и да поведе, но за наша среќа на голот го имавме Кизиќ, кој одбрани зицер удар на противникот. Во последните минути некако дојдовме при себе, па не дозволивме уште едно разочарување пред својата публика. Триумфиравме со резултат 37:34, очигледно е дека примивме многу голови против селекција како што е Нигерија, но сепак првите бодови на мундијалот се можеби повод за подобра игра, во продолжение од СП.

Од вардаровите играчи кои беа во составот за овој дуел, Марко Кизиќ имаше вкупно 10 одбрани, додека Мартин Карапалевски постигна 2 гола, Ален Ќосевски не се запиша во листата на стрелци.