Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Официјално: Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ промовирани во Хајдук
Официјално: Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ промовирани во Хајдук

Официјално: Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ промовирани во Хајдук

Младите македонски фудбалери Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ кои  беа дел од нашиот Вардар, денеска и официјално се промовирани во редовите на хрватскиот великан Хајдук.

Игњатов (18) и Омерагиќ (17) ќе бидат пренасочени во вториот тим на Хајдук, ќе се докажуваат и ќе чекаат шанса да дебитираат за првиот тим.

Игњатов минатата сезона во редовите на Вардар запиша пет првенствени натпревари, а Омерагиќ два. Покрај нив двајца, од Вардар во Хрватска замина и Џемал Ибиши, во редовите на Локомотива Загреб.

Им посакуваме на Омерагиќ и Игњатов многу среќа и успех.