Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ОФИЦИЈАЛНО! Хамбарџумјан го продолжи договорот со Вардар за 2,5 години
ОФИЦИЈАЛНО! Хамбарџумјан го продолжи договорот со Вардар за 2,5 години

ОФИЦИЈАЛНО! Хамбарџумјан го продолжи договорот со Вардар за 2,5 години

Како што јавува официјалното гласило на ФК Вардар раководството  во текот на денешниот ден го официјализираше новиот договор со ерменскиот интернационалец во редовите на нашиот црвено-црн фудбалски колектив  Ховханес Хамбарџумјан. Договорено е Ховханес Хамбарџумјан да остане црвено-црн  во наредните 2,5 сезони поточно до  15 јуни 2018 година.

Хоф за црвено-црните има забележано  дури 41 првенствени мечеви на кои има 13 асистенции, а стрелаше во противничките мрежи шест пати. Хоф за продолжувањето на договорот вели дека  го доживува како своевидно признание за неговите  досегашни игри во дресот на Вардар. Тој е задоволен  од конкретните услови кои му беа понудени и воопшто не се двоумел дали да ја продоли соработката со шампионот на Македонија. Тој кај нас пристигна во сезоната 2014/15 и беше дел од ланскиот Шампионски состав на вардарци кој освои домашна титула и се закити со трофеј во “Супер-купот на Република Македонија“. Интереснен факт за Хоф е дека во  Скопје се роди и неговата ќерка во средината на мај месец изминатата година чие раѓање го наговести претходно одкако постигна гол на доста интересен начин , погледнете ја фографијата во продолжение.

bebe