Жрк Вардар Јуниор испиша нова убава страница во женскиот ракомет. Иднината на Жрк Вардар се пласираше во 1/4 финалето од Челинџ купот. Нашите млади девојки одиграа два натпревари против Војводина и двата ги добија. Најефикасни во нашиот табор беа Нолевска и Керамитчиева со 9 погодоци. Вардар фанс ви ја пренесува изјавата за нашиот сајт дадена на Наташа Нолевска:
Вардар Фанс: Кои се твоите импресии од овој натпревар?
– За вториот меч можам да кажам дека влеговме посамоуверено, поцврсто и со поголема желба за победа во однос на предходниот меч, каде што имавме мала трема бидејќи игравме против непознат тим. Двата меча беа тешки и неизвесни. Противничката екипа беше поискусна но сепак со наша добра одбрана и брзите реакции преку контри успеавме поголемиот дел од мечот да имаме водство.
Вардар Фанс: Следен посакуван противник за вас?
– Посакуван следен противник немам, затоа што не ги знам другите екипи, па неможам да кажам кој е посакуван противник за нас. Ние ќе продолжиме напорно со нашите тренинзи и ќе се подготвиме за било која екипа – Изјави Наташа Нолевска
Димитар Гогов