Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Трајкоска: Наградата за најдобар голман ми значи премногу
Јована Трајкоска: Наградата за најдобар голман ми значи премногу

Јована Трајкоска: Наградата за најдобар голман ми значи премногу

Пионерките на Рк Вардар предводени од Драгана Пецевска-Ристова го финишираа турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ . Тие настапија со две екипи на овој турнир. Екипата на Рк Вардар го освои првото место, откако во финалето беа подобри од Ѓорче Петров. Рк Вардар Јуниор во борбата за третото место ја победија екипата на Академија1.

-Ние на турнирот влеговме подготвени и мотивирани за игра. Се боревме до крај, не дозволувавме да бидеме поразени ,дававме све од себе и игравме од срце што на крај не донесе до првото место. Јас во овие изминати три дена се трудев и дадов максимун за да постигнеме голема цел. Беше напорно на неколку натпревари и бев возбудена како ке изиграме, но ние го покажавме тоа што го знаеме и во ниту еден натпревар не се предадовме, секогаш одевме до крај Задоволна сум од мојот, тим бидејќи се залагавме до крај и јас максимално се борев за мојата екипа за да отидеме заедно до целта. Финалниот натпревар го одигравме со Рк Ѓорче, тие се добар тим но ние никогаш не се предадовме, иако првото полувреме тие беа во водство од шест разлика, ние во второто полувреме успеавме да го израмниме резултатот и на крајот во пеналите бевме подобри.

vardarfans jovana najdobar golman

Посебна награда за најдобар голман доби Јована Трајкоска, токму од редовите на ракометниот клуб Вардар.

-Мојата награда за најдобар голман премногу ми значи. Искрено не ја очекував, но на секој натпревар давав се од себе .Па оваа награда не е прва имам и други награди освојувано за најдобар голман и се надевам дека во иднина ке имам уште многу награди, изјави Јована Трајкоска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски