Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пачовски денес се простува со македонската репрезенацијата, во иднина единствено ќе брани за Вардар
Пачовски денес се простува со македонската репрезенацијата, во иднина единствено ќе брани за Вардар

Пачовски денес се простува со македонската репрезенацијата, во иднина единствено ќе брани за Вардар

Голманот на црвено – црните и капитен на македонската фудбалска А-селекција денеска на дуелот со Украина кој ќе се одигра на Националната Арена Филип втори ќе го има последниот настап во дресот со државниот грб. Томе Пачовски  реши да стави крај на својата репрезентативна кариера и да се повлече од националниот состав.

Во иднина Пачовски ќе биде ставен на целосно располагање на шефот на стручниот штаб на ФК Вардар Гоце Седлоски и нема да одсуствува од тимот поради репрезенативни обврски. Од аспект на нашиот клуб ова е добра одлука на Пачовски кој ќе може целосно и единствено да се сконцетрира на настапите на црвено – црните во борбата за преостанатите два домашни трофеја до крајот на сезоната.  Пачовски цели 17 години настапуваше за македонските  репрезентации од најмладите се до А-селекцијата . Дебито за сенирската селеција го имаше во јуни 2006 година на тест-мечот  со  Турција  кој заврши со 1-0, Томе имаше одлично деби без примен гол, овој дуел се играше   во Германија. Денешниот натпревар со Украина ќе биде негов 47 настап за А-селекцијата. Пачовски се повлекува со желба да остави простор на помладите “чувари на мрежата“ кои треба да добијат шанса да го бранат голот на А-селекцијата во иднина.