Младите вардарци тимот на РК Вардар Јуниор утре ќе го пречека во рамки на четвртото коло од Супер-лигата тимот на РК Прилеп 2010 на домашен терен. Јуниорите ќе се обидат да ја продолжат низата од победи и во третиот дуел едно по друго.
Мечот на избраниците на Пепи Манасков со тимот кој доаѓа од Прилеп ќе се одигра утре 10 октомври во 15-00 часот во малата сала на Спортскиот Центар Јане Сандански. Вардарци по првите воведни два пораза со две победи од дното на табелата во машката ракометна Супер лига се искачиа на посакуваното четврто место кое носи место во разигрувањето од плеј-оффот на крајот од сезоната што е цел на дебитаното во најквалитетната лига. РК Прилеп 2010 има 3 бода повеќе и се наоѓа на втората позиција со евентуална победа на црвено – црните нашите момци ќе се израмнат со конкурентот за првите четири позиции во лигата. Следен дуел за младите е за една недела на 17 октомври (сабота) кога гостуваат кај тимот на РК Пролет 62.