Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров на својот инстаграм профил: Така беше лани, дали ќе биде подобро во сабота
Дибиров на својот инстаграм профил: Така беше лани, дали ќе биде подобро во сабота

Дибиров на својот инстаграм профил: Така беше лани, дали ќе биде подобро во сабота

Еден од милениците на Комити, Тимур Дибиров не заборави на своите верни навивачи. Тој на својот инстаграм профил повторно ги повикува Комити да дојдат во што поголем број на утрешниот натпревар и да им ја дадат својата поддршка. Минатата сезона во Јане Сандански игравме против овој противник и го победивме, токму со помошта на најверните, кои приредија незаборавна атмосфера на тој меч. Како увертира на убавата вест што ни стигна попладнето дека навивачката група Комити и управата на Рк Вардар се договориле за присуство на навивачите, на утринскиот прес тренерот Гонзалес и Горбок беа директни во изјавите дека повеќе од потребна ќе им биде поддршката од најверните навивачи.

Денот на најубав начин го заокружи Дибиров, кој очекува уште подобра атмосфера, за разлика од претходната сезона. На својот инстаграм профил го објави следново, види ТУКА.