Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марио Гичев: Првиот натпревар ќе биде можност да дадеме до знаење колку „тежи“ оваа сезона нашиот тим
Марио Гичев:  Првиот натпревар ќе биде можност да дадеме до знаење колку „тежи“ оваа сезона нашиот тим

Марио Гичев: Првиот натпревар ќе биде можност да дадеме до знаење колку „тежи“ оваа сезона нашиот тим

Во недела во малата сала во С.Ц. Јане Сандански, својот прв натпревар во новата сезона ќе го одиграат младинците на Вардар. Интересно е што ракометниот клуб Вардар во младинската лига ќе има две свои екипи. Едната е Вардар јуниор предводена од Зоран Петковски и другата е Вардар, чиј тренер ќе биде Слободан Чивлачки. Вардар јуниор летото се засили со неколку ракометари, меѓу нив е Марио Гичев, кој дојде од екипата на Рк Текстилец од Штип.

Желба на секој млад спортист кој ракометот го сфаќа како професија, е да заигра во клуб како што е Вардар. Бев пресреќен кога тренерот Зоран Петковски ме повика да бидам дел од семејството и дел од неговиот систем. Остварувањето на таа моја желба ми внесе огромна мотивација за напредок. Во овој период напорно работам на прилагодување кон тимот. Сите во екипата не поврзува иста желба за победа, па приспособувањето со помош на семејната енергија која ја внесува тренерот ми беше лесно.

Овој тим имаше можност своите подготовки да ги помине на Копаоник. Одиграа и пријателски натпреавр против Железничар.

Уште при првите контакти со тренерот Зоран, тој ме советуваше периодот пред припремите да го искористам за активно тренирање. Подготовките се одржаа во Копаоник. Исклучително добрите услови на хотелот, одличните услови за одржување на тренинзите, посветеноста на тренерот, нашата амбициозност и ангажираност беа дел од десетдневните припреми. Слика за нашата подготвеност беше победата над тимот „Железничар“ од Ниш.

Противник во првото коло е Грк Борец од Велес. Мечот ќе се игра со почеток од 13 часот во малата сала во Ј. Сандански.

Во време кога името „Вардар“ значи врв во ракометот, не само во Македонија и надвор од неа, нашиот тим е спремен да даде се од себе да му донесе само победи. Со голема мотивација, непобивна енергија и висока подготвеност ќе влеземе во новата сезона. Првиот натпревар ќе биде можост да дадеме до знаење колку „тежи“ оваа сезона нашиот тим, изјави Марио Гичев за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски