Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Викендов нема првенствени натпревари во младинските фудбалски категории

Викендов нема првенствени натпревари во младинските фудбалски категории

Малку одмор и за Вардаровите фудбалски категории кои се натпреваруваат во првенството. Поради настапот на Македонската репрезентација до 19 години на квалификацискиот турнир во Скопје, викендов ќе нема лигашки мечеви кај младинските генерации. Овој турнир е во рамките за пласман во елитната фаза, од квалификациите за европското првенство. Нашата репрезентација го одигра првиот натпревар, на кој беа поразени од селекцијата на Англија со резултат 0:2. Капитен на репрезентацијата до 19 години е Вардарецот Петар Петковски.

Следниот викенд продолжуваат настапите во рамките на 8 коло од првенството на младите категории. Помладите пионери и младинците како лидери на табелата ќе го дочекаат новото коло. Пионерите имаат ист број на бодови со Шкупи, кадетите пак се наоѓаат на второто место во својата конкуренција.