Нашиот следен противник во Лигата на шампионите, германски Рајн – Некар незнае за пораз во својата Бундес – лига. Сите знаеме дека Бундес – лигата е најдобрата лига во Европа, а кога ќе го видиме и податокот дека овој жолт тим има 9 победи од исто толку натпревари, станува јасно во каква форма се моментално и со каков тим располагаат. Вчера Рајн – Некар во дербиот на Германија го победи тимот на Кил на домашен терен, и најави дека доаѓа во Скопје во одлична форма. Пред овој натпревар Рајн Некар имаше 8 победи од исто толку натпревари, овој пат дојде од 9/9 што е страшна серија на резултати.
Од минатата сезона знаеме дека го нема голманот Ландин, но тука се неколку играчи кој го носат тимот до овие успеси. Одлични партии во ЛШ особено против Барса прикажаа Геншрајмер, Шпит и Петерсон, овој последниот беше најдобар играч на вчерашниот натпревар против Кил со пет погодоци. Од друга страна е нашиот Вардар кој исто така има 8 победи во низа, пет во Сеха лигата, а три во ЛШ, од исто толку натпревари. Несомнено не очекува одличен меч, затоа дојде те сите во сала во сабота.