Денес нашата навивачка група Комити, излезе со соопштение околу новиот натпревар овој викенд, во рамките од Лигата на шампионите. Како што се вели во официјалното соопштение, дојдено било до договорена соработка со управата на РК Вардар, при што решено е Комитите да се ”сместат” на својата матична трибина во СЦ. Јане Сандански.
Пред се овој натпревар ќе биде од хуманитарен карактер. Билет за овој натпревар ќе чини симболични 100 денари, а парите добиени од картите од Комити, ќе одат за нашиот член Горан Николоски – Турчин. Собирот за овој натпревар ќе биде во 15:30 часот пред Мајчин дом. Дојде те, и бидете хумани пред се. Ајде Комити сите на Мајчин дом во сабота.