Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Пелистер, кадетите и младинците гостуваат во Битола
Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Пелистер, кадетите и младинците гостуваат во Битола

Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Пелистер, кадетите и младинците гостуваат во Битола

Екипата на Пелистер е противник за младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар, во рамките на 12. првенствено коло. Во сабота пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците во недела гостуваат во Битола. Термините на одигрување натпревари се во 11:00 и 13:00 часот.

Пионерските екипи на Вардар се големи фаворити за освојување на бодовите, на дуелите со Пелистер. Првите мечеви одиграни во Битола ги добивме во своја корист, па така се очекува да биде и на саботните мечеви. Во помладата пионерска лига, Вардар е лидер на табелата со 27 бодови, додека екипата на Пелистер е на 8.позиција со само 10 освени бодови. Пионерите исто така не би требало да имаат проблеми за освојување на три бода на мечот против Пелистер. Во пионерската супер лига, Вардар е втор на табелата со 28 освоени бодови, додека Пелистер се наоѓа на 7.позиција со 13 освоени бодови.

Кадетите и младинците на Вардар ќе се обидат да стигнат до втората победа во меѓусебните дуели со екипата од Битола. Во кадетската супер лига, кадетите на Вардар имаат три бода повеќе и натпревар помалку за одигрување од Пелистер, додека во младинската лига, Вардар има два бода повеќе и меч помалку од Пелистер.