Во недела, во С.Ц. Јане Сандански, Европскиот ракометен Шампион ќе го одигра последниот натпревар за оваа година, во Лигата на Шампионите. Во Скопје ќе гостува екипата на Веспрем, во рамките на 10.коло во најсилната група Б.
По тој повод, клубот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги изнесе очекувањата за претстојниот дуел. Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански со почеток од 12:00 часот.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за во недела (01.12.2019) во 17 часот во СЦ “Јане Сандански”.