Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во периодот од 3-5.септември во Благоевград ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија.
За овие мечеви, селекторот на Македонија, Горан Станиќ повика и пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманите Матеј Андов и Кристијан Китановски, потоа Александар Ѓурковски, Бојан Димовски и Џемал Ибиши.
Собирот е закажан за на 1.септември на ФФМ, играчите на Вардар ќе бидат достапни на 6.септември.