Пионерките на Вардар обезбедија полуфинале на силниот меѓународен турнир во Белград. Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева денес дојдоа до нова победа и во последниот дуел кој немаше значење за пласманот понатака беа совладани.
Во утринскиот меч пионерките на Вардар ја совладаа убедливо Црвена Звезда со резултат 26-13. На оваа средба доминиравме во сите аспекти на ракометната игра, уште на полувреме се знаеше дека победата ќе биде обоена црвено црно. Во последниот меч влеговме доста заморени, но и растеретени од фактот што наредивме три победи па врвот во групата беше загарантиран и поминувањето во следната фаза. Со екипата на Белград одигравме дуел во кој бевме поразени со три гола, 17-14. Со овие три победи обезбедивме полуфинале кое ќе се игра утре.