Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски ќе им даде шанса на играчите со помала минутажа утре во Каменица
Васоски ќе им даде шанса на играчите со помала минутажа утре во Каменица

Васоски ќе им даде шанса на играчите со помала минутажа утре во Каменица

Вардар утре го игра 1/16 финалниот натпревар во рамките од Купот на Македонија, a противник е тимот на Каменица Саса кој се натпреварува во втората фудбалска по ранг лига во Македонија.

Вардар е апсолутен фаворит на утрешниот натпревар во Каменица и се освен победа со повеќе голови разлика ќе биде поразителен резултат за нашиот тим.

Пред утрешниот натпревар, еден од стоперите на Вардар, Серафимов, вели дека Вардар е подготвен да обезбеди лесен пласман во 1/8 финалето.

Васоски утре ќе им даде шанса на играчите со помала минутажа, со цел да се одморат првотимците за тешкото гостување во недела во Тетово кај Ренова.

Во тимот на Каменица Саса настапува и поранешниот играч на Вардар, Андреј Кировски, кој се врати од Хрватска и ќе биде дел од Саса во новата сезона.