Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > „Новиот” Вардар на дуел со Ал Мудар
„Новиот” Вардар на дуел со Ал Мудар

„Новиот” Вардар на дуел со Ал Мудар

Екипата на Ал Мудар од Саудиска Арабија ќе биде противник на вардарци во денешното четврт-финале кое се игра од 19 часот.

Ал Мудар одигра лесен натпревар вчера против Њујорк сити и го совлада со убедливи 33:13 и си закажа дуел со шампионот на Европа.

Вардарци се фаворити на овој натпревар, а со нетрпение го очекуваме и дебито на новите играчи. Поради повреди во тимот ќе ги нема Стоилов и Де Толедо, а пак Калараш нема право на настап.

Натпреварот Вардар – Ал Мудхар ќе можете да го проследите низ директен пренос на ТВ Телма од 19.00 часот по македонско време.

Доколку Вардар победи, веројатно ќе си закаже пресметка со Кил во 1/2 финалето на Супер Глоуб.