Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар досега продаде околу 3000 сезонски билети!!

Вардар досега продаде околу 3000 сезонски билети!!

Продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар тече солидно. Според информациите, до овој момент се продадени околу 3000 сезонски билети, што значи дека веќе половина од капацитетот на СЦ. „Јане Сандански” е распродаден на 25 денови до првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Регуларната продажба на сезонски билети се врши на касата на билетарницата на СЦ „Јане Садански” секој работен ден од 10 до 18 часот и онлајн преку www.ticketplus.mk. Истата ќе трае се до 09 септември.

По завршување на овој период повеќе нема да има сезонски билети во продажба, туку ќе следува поединечна продажба за секој натпревар поединечно.