Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женската младинска лига со само пет тима, Вардар во 1.коло гостува во Чаир
Женската младинска лига со само пет тима, Вардар во 1.коло гостува во Чаир

Женската младинска лига со само пет тима, Вардар во 1.коло гостува во Чаир

Фактор што голем  број на екипи се појавија во женската Супер лига ја „осакати“ целосно младинската женска конкуренција. Во новата сезона истата ќе биде со само пет тима, односно во едно коло ќе има само две натпреварувачки двојки.

Вардар ќе настапува во истата, покрај него тука се и двата најсериозни ривали екипите на Куманово и Металург. Исто така учесници се РК Кузман Вардар од Илинден и екипата на ЖРК Чаир. Во првото коло ќе се сретеме токму со тимот на Чаир, на таа средба ние сме гости.