Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Телма ќе врши пренос од натпреварите на „Супер Глоуб Купот“, утре Вардар го игра првиот меч
Телма ќе врши пренос од натпреварите на „Супер Глоуб Купот“, утре Вардар го игра првиот меч

Телма ќе врши пренос од натпреварите на „Супер Глоуб Купот“, утре Вардар го игра првиот меч

Единствениот трофеј кој недостасува во витрините на Вардар е оној од неофицијалното светско првенство, или „Супер Глоуб Купот“. Нашиот Европски Шампион веќе се наоѓа во С.Арабија каде од утре ги започнува настапите на ова натпреварување.

Од телевизијата Телма најавуваат дека ќе вршат преноси од мечевите на Супер Глоуб Купот, па така Вардар ќе можеме да го гледаме низ директен пренос

„Походот на ракометарите на Вардар на титулата Светски клупски шампион ќе имате можност да го следите ексклузивно на програмата на Телма. Нашите ракометари утре во четврт-финалето на турнирот ќе се соочат со победникот од мечот Ал Мудхар – Њујорк Сити, а стартот на натпреварот е закажан за 19 часот, информираат од Телма.

Телма ќе врши пренос и од сите четврт-финални мечеви.