Помладите пионери на убедлив начин се вратија на победите во првенството. На теренот на Локомотива утрово се одигра натпревар помеѓу екипите на Вардар и Македонија Ѓ.П, на кој црвено-црните славеа убедлива победа од 5:0. Марко Ѓоргиевски стрелаше два пати, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Кренарт Дардиша, Горјан Трајковски и Стефан Миљковиќ.
Уште по првото полувреме, беше јасно кој ќе ги однесе трите бода од овој меч, кога Вардарци имаа голема предност од 3:0. На тој начин избраниците на Сашо Тодоровски се вратија на победничките патеки, откако минатото коло беа поразени од екипата на Пелистер. Со овој триумф Вардар е на само бод разлика од екипата на Македонија Ѓ.П.
Ова е вкупно осма победа во првенството, за оваа генерација која е многу блиску и до финалето на националниот куп. Токму против денешниот противник славевме и во групата на купот, кога забележавме победа од 4:1. Во следното коло на распоредот, е дербито со екипата на Работнички.